Сакаше да се самоубие после раскинувањето со момчето со кого денеска очекува бебе

30 јуни, 20200
WEWW

Бремената американска пејачка Кети Пери призна дека „се распадна“ кога ја прекина врската со актерот Орландо Блум, пред три години, која денес е нејзин свршеник со кого очекува дете во јули, пишува The Sun. Тоа ја остави 35-годишната жена без никаква надеж, откри таа, и со силна болка во срцето, поради што се бореше со мислата да си го одземе животот. Самоубиствениот порив се засили со неуспехот на нејзиниот албум „Сведок“ што го издаде таа година, во споредба со големиот успех на нејзиниот албум „Призма“, кој го издаде во 2013 година. Она што ја спаси од трагичниот чин беше, рече таа, благодарност.


‘Мојата кариера беше на нагорна линија, сè до еден момент кога имаше мала промена и пад, од надворешна перспектива. Но, за мене тоа беше огромен пад. Јас толку многу се впуштив во мојата музика и кариера, а потоа се оддалечив од момчето, буквално се скршив на половина ’, призна Кети, која со нетрпение го очекува пристигнувањето на малото девојче што го носи, иако призна дека пред да забремени, се бореше со депресија две години што беа особено тешки за неа, 2017 и 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *