Тајна врска, па таен развод: Убавицата од Fast and Furious повторно сама

7 јуни, 2020
78e71bc2f71969b22328332ec310ce7f0fa68a1b

Актерката Jordana Brewster (40) се разведе од сопругот Andrew Form, со кого има две деца.

Убавата актерка, која во серијалот Fast and Furious ја гледавме во улогата на сестра на главниот лик, во тајност и ја започна врската со, сега веќе поранешниот сопруг, на снимањето на филмот  The Texas Chain Saw Massacre.

Jordana доби улога во филмот, а Andrew беше продуцент, па се состанувале скришно во нејзината приколка, раскажа таа пред неколку години.

Парот има две деца, а веста за разводот беше објавена по завршувањето на последното рочиште.

Убавата актерка повторно ќе ја гледаме во продолжението на  Fast and Furious серијалот.