11 јули, 2020

Каков заплет!!!

Не е тајна дека односите меѓу Меган Маркл и остатокот од кралското семејство се „затегнати“. На крајот на краиштата, 38-годишната војвотка и две години помладиот принц Хари оваа година се откажаа од титулата и се преселија во далечниот Лос Анџелес со Арчи, 11-месечниот син. Иако многу се пишуваше дека за овој потег се одлучиле заради желбата за финансиска независност, магазинот Globe објави навистина бомбастичнa насловна и открива дека причината за расчленувањето на кралското семејство се случило непосредно пред раѓањето на Арчи.

Ако му веруваме на таблоидот, причината за сè , ни помалку ни повеќе, е тајната ќерка на принцот Чарлс и принцезата Дијана, Сара Спенсер. Имено, како што посочуваат, Сара е резултат на експериментот спроведен по налог на принцот Чарлс пред неговата венчавка за Дијана. „Тој сакаше да види дали неговата идна сопруга е плодна и дали може да му даде синови кои еден ден ќе ја носат британската круна“, објаснува анонимен извор. „Сите ембриони требаше да бидат уништени по налог на Чарлс, но еден член на медицинскиот персонал ја украл оплодената јајце клетка и потоа тајно ја имплементирал во својата неплодна сопруга“, додал истоимениот извор.

Откако нејзините сурогат родители ги загубиле животите во сообраќајна несреќа во 2018 година, Сара пронашла таен дневник што го чувала нејзината мајка откривајќи ја вистинската приказна за нејзиното потекло. „Таа ги сфати ужасите што ги направил Чарлс, поради што ја натера да сака да ја предупреди својата снаа Меган Маркл во што се впушта со овој монструм“, вели извор близок на тајната ќерка на 71-годишниот принц од Велс. Таблоид истакнува дека Сара истата година преживеала обид за атентат, поради што е многу претпазлива во однос на изложеноста на медиумите, со оглед на тоа дека секоја грешка би можела да биде фатална. Сепак, и покрај опасноста, тајата ќерката успеала да стапи во контакт со Меган Маркл за време на нејзината посета на Нов Зеланд, каде и го објаснила своето темно минато. „Тие се најдоа на блиската плажа далеку од камерите. Сара повеќе пати и рекла дека Чарлс е несовесен убиец и дека мора да го напушти дворецот како што знае “, објаснува изворот, истакнувајќи дека ова е вистинската причина за неодамнешниот потег на војводата и војвотката од Сасекс

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Тајната ќерка на Лејди Ди ја предупреди Меган Маркл за мрачната страна на Чарлс
Горе