Тајни на познатите парови – венчавки за кои никој не знаеше!

29 јули, 20200
b

Познатите личности не можат да сторат скоро ништо без да завршат во медиумите, особено кога станува збор за големи и важни настани како свадби. Папараците и новинарите се тркаат кој ќе направи подобри и поексклузивни фотографии, информации или изјави. Сепак, постои список на познати парови кои успеале да ги избегнат со тоа што успеале судбоносното “да” да го кажат без да знае цел свет за тоа.

Бред Пит и Анџелина Џоли

Иако нивните фотографии веќе беа во сите весници еден ден по свадбата, Бред и Анџелина дадоа се од себе да не откриваат кога и каде ќе ја извршат церемонијата. И покрај сè, медиумите дознаа дека славната двојка се венчала во нивниот замок во Франција, на 23.08.2017 година. Церемонијата беше толку интимна што само 20 луѓе присуствуваа на настанот, вклучувајќи ги и нивните деца.Многумина не знаеја ниту дека Даниел Крег и Рејчел Вајс се пар, а камоли дека се венчале. Познатите актери се заедно од декември 2010 година, а во јуни 2011 година, тие се венчаа во тајност во Њујорк. Настанот беше толку интимен, што имаа само четворица гости.

Хали Бери и Оливије Мартинез

Olivije Martinez, Hale Beri

После два неуспешни брака, врски и борби за старателство, не е ни чудо што Хали Бери реши да ја задржи врската со Оливије Мартинез подалеку од очите на јавноста и непотребната драма. Двојката се венча во тајност во јули 2013 година во замокот во Франција. На приемот имаше околу 60 гости. Двојката има син, а Хали има ќерка од првиот брак.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

Многу познати личности се венчааваат во тајност и потоа објавуваат фотографии во весниците, но Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли никогаш не го сториле тоа. Двојката се венча во 2012 година во Јужна Каролина, а сè што медиумите знаат за свадбата е дека Марта Стјуарт беше организатор и дека Блејк носела венчаница на модната куќа „Markez“.

Адам Левин и Бехати Принслу

Adam Levin i Behati Prinslu

Речиси сите беа шокирани кога слушнаа дека вечниот ерген и заводник Адам Левин се верил со Бехати Принслу. Тие се венчаа во јули годинава во Мексико. Единствено што е познато за оваа свадба е дека групата на Адам „Maroon 5“ била задолжена за музиката.

Џеј Зи и Бијонсе

Иако се едни од најпознатите и најбогатите парови во светот, Џеј Зи и Бијонсе секогаш ги чувале своите животи подалеку од очите на јавноста. Всушност, тие никогаш јавно не признале дека излегуваат, и поради тоа со години имаше шпекулации во медиумите дали се тие заедно. Потоа излегоа гласини дека се венчале во април 2008 година, но тие ниту еднаш не го потврдија тоа. Тогаш гласините беа потврдени со огромен дијамантски прстен што Бијонсе започна да го носи на левата рака, иако ни тогаш не потврдија ништо јавно.

Бен Афлер и Џенифер Гарнер

Dženifer Garner, Ben Aflek

Бен Афлек помина низ две многу јавни раскинувања, поради што реши да ја зачува својата врска со Џенифер Гарнер во тајност. Двојката се запознала за време на снимањето на „Daredevil“, а се венчала во 2005 година на островот Туркс и Кајкос, каде што одржале многу интимна церемонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi