Тајсон го претепал славниот актер, откриено е во каква состојба е најден!

29 април, 20200
тајсон

Знаејќи ја силата на легендарниот боксер Мајк Тајсон, сигурно не би се осмелиле да му застанете на патот. Но тоа како да не важело за популарниот актер Весли Снајпс. Можеби актерот си помислил дека во реалниот живот навистина има боречки вештини како и на филмското платно, иако има појас во карате 5ти дан. А можеби и не бил свесен со чија девојка си има работа, бидејќи токму извесната Хоуп била причина за тепачката.

Кога Тајсон дознал дека девојката го изневерува, го пратил својот телохранител да ја следи, а потрагата го довела до Весли Снајпс.

Ќотекот Весли го добил во тоалетот на еден ресторан, во кој бил најден онесвестен.

Се зборува дека уште еден познат актер молел за милост и за среќа се извлекол од железната тупаница на Мајк. Имено, се работи за Бред Пит кој Тајсон го затекнал кај својата поранешна сопруга, актерката Робин Гивенс. Отако ги начекал заедно, Бред молел да не биде истепан правдајќи се дека со актерката само вежбале текст за филм.

Нападите на Тајсон надвор од рингот не се чудо, со оглед на тоа дека улицата го воспитала и дека уште како тинејџер бил приведуван во полиција десетици пати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *