Тамара Тодевска стави нова тетоважа, овојпат не е стих од химната…

28 ноември, 2020
Tamara-so-zname

Многу очигледно е дека нашата позната пејачка Тамара Тодевска се „навлече“ на тетовирање.

Само пред неколку недели, таа беше тема број еден во нашата земја, откако во интервју за емисијата „Бекстејџ“ изјави дека ќе ја истетовира химната и тоа баш онаа строфа што ја заборави, а уште наредниот ден го исполни ветувањето.

Едни ѝ честитаа за храброста, а други пак сметаа дека тоа е уште еден нејзин лош потег.

Но, се чини дека тоа е веќе заборавено. Популарната пејачка вчера на својот профил социјалната мрежа Инстаграм објави „стори“  и се пофали дека има повторно има нова тетоважа.

Овојпат не е уште еден стих од химната, туку Тамара се одлучила за минималистичка тетоважа и на едната рака си истетовирала балонче. Какво ли приказна се крие зад новата тетоважа на нашата Тамара?

escort - Korsan taksi