11 јули, 2020

Пејачката Дуња Илиќ, по нејзиното бурно минато, преодот во ислам, самоубиство на нејзиниот татко и губење на големо наследство, сега живее во Грузија и се обидува да се опорави од алкохолизам.

– Ова е втор пат како се лекувам. Прв пат бев трезнаедна година и шест месеци и помина многу лесно. Овој пат оди многу потешко. Во моментов сум трезна десет дена и чувствувам дека веќе можам да ветам дека ќе ја надминам таа година и 6 месеци и да не кажам дека никогаш повеќе нема да испијам капка алкохол. Во моментов сум во Геузија. Планирам да одам во Белград што е можно поскоро, бидејќи навистина сакав да ја видам  мајка ми и пријателите. После тоа, ќе видиме. Со мене, никогаш не знаете која е следната дестинација – вели Дуња и открива дека не жали за наследството што го изгубила.

– Тоа наследство секако не беше во износ што ќе ми обезбеди живот. Заработувам од влогови и тарот. Исто така сликам на платно, пишувам и кога ќе се соберат сите тие приходи, убаво живеам. Никогаш не би ја менувала слободата што ја имам сега како средна класа ,за тоа ропство кога бев многу богата.

Пејачката открива и дека се обидува да не гледа назад во минатото и да се кае, туку да се фокусира на разубавување на идните денови.

– Не би ги повторила истите работи што ги правев во минатото. Сепак, се простив себеси и другите и на тој начин ставив крај на убавите и грди работи од минатото. Сега едвај ја чекам убава иднина – вели Дуња, додека низ тага додава дека никогаш нема да ја преболи трагичната смрт на нејзиниот татко.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Таткото извршил самоубиство- Позната пејачка се бори со огромна тага и се лечи од алкохолизмот во друга држава!
Горе