Татковството тешко му падна бидејќи ги врати старите трауми

25 мај, 20200
280849_hari-vilijam_ff

Во документарниот филм „Фудбал, принц Вилијам и нашето ментално здравје“ кој ќе се емитува оваа недела, принцот Вилијам збори за својата улога како татко и како оваа улога му го сменила а и понатаму ќе му го менува животот, а се присетил и на своето детство.

Идниот крал на Англија, кој со својата сопруга имаа 2 сина, Џорџ (6) и Луј (2) и ќерка Шарлот (5) разговарал со поранешниот фудбалер Марвин Сордел, кој истакнал дека пораснал без татко. Вилијам исто така изјавил дека и самиот е трауматизиран и дека периодот кога станал татко му е најтешкиот дел од животот.

  • Мислам дека кога ќе поминеш низ нешто трауматично во животот, како што е неприсуството на твојот татко и смртта на мајка ти, емоциите се враќаат бидејќи тоа е сосема ддруга фаза на животот. И нема никој кој би можел да ти помогне на било кој начин“ – изјавил Вилијам.

Тој истакнал дека во ваков случај емоциите може да се појават од никаде и го опиша родителството како еден од најневеројатните моменти во животот но и еден од најстрашните.

Вилијам имал 15 години кога погина неговата мајка, а заедно со неговиот помлад брат Хари раскажувале како не биле во состојаб аи не можеле да разговараат за трагедијата која ја доживеале.

– Никогаш не зборувавме за тоа што ја изгубивме мајка ни како мали – му рекол Хари на Вилијам пред неколку години во едно интервју.

Сето тоа довело до таложење на емоциите, како што и самите признале, пораади што и двајцата учестуваат во кампањи за гриза за менталното здравје.

– Менталното здравје треба да биде приоритет. Некој мора да го превземе првиот чекор и да го започне разговорот – истакнал Вилијам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi