Тажна вест – во Амазон пресекоа 9000 дрва постари од 100 години!

3 јуни, 20200
Naslovna

Најмалку 30 лица се уапсени за наводна вмешаност во нелегално сечење на дрва, кога бразилската полиција рано утрово извршила рација на десетина пилани во Амазон.

Меѓу криминалната група, вклучена во нелегално сечење на дрва, се наоѓале дрвосечачи, производители на мебел, возачи и јавни службеници кои земале мито, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Ројтерс.

Пиланите каде се случила рацијата се наоѓаат недалеку од главниот град на провинцијата Амазон, Манаус. Вооружената полиција, наводно, заплени пили, камиони и повеќе од илјада кубни метри дрво. За 10 месеци, криминалната група незаконски отсекла повеќе од 9.000 дрвја постари од 100 години.Уништувањето на шумите беше најголемо минатата година од последните 11 години, а од почетокот на годинава, од јануари до април, беше повисоко за 55% во однос на истиот период лани. Се додава дека околу 99 проценти од уништувањето на шумите во Бразил минатата година било нелегално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi