Тешко болната Селма Блер: „Никого не сум видела за празниците. Плачам и тешко ми е…“

30 декември, 2020
1582296547429-profimedia-0499903696-830x0

– Тивок Божиќ. Не сме ги виделе нашите пријатели или семејство, освен нашата мала група – напиша Селма Блер, која страда од мултиплекс склероза

Американската актерка Селма Блер (48) пред две години откри дека боледува од мултиплекс склероза, па сега е во ризичната група на луѓе и мора да се чува од корона вирусот.

Имено, актерката која заради здравјето се дистанцираше од сите за време на пандемијата на корона вирусот, не се снајде добро за време на празниците.

Таа откри дека Божиќ го поминала сама со нејзиниот син Артур (9) и дека не ги видела своите пријатели.

– Тивок Божиќ. Не сме ги виделе нашите пријатели или семејство, освен нашата мала група. Имам проблеми со иднината и плачам. Знам дека празниците за некои можат да бидат тешки. Прво кога ќе се сетам на мојата неодамна почината мајка, потоа Ковид-19. Никогаш повеќе од сега не сум посакала повеќе надеж за овој Свет, за здравствените работници, наставниците, сопствениците на ресторани. Скромно ви благодарам што сте тука – напиша актерката на социјалните мрежи.

Нејзината мајка Моли Кук почина во мај оваа година, што беше исклучително тешко за Селма, особено затоа што мултиплекс склерозата ја погодува и физички и психички.

Во емисијата со пејачката Мајли Сајрус, Селма рече дека ќе се обиде да ги охрабри другите за време на здравствената криза и пандемијата на корона вирусот.

– Бидете отворени, но навистина искористете ја оваа можност за да бидете најдобри што можете и да си помогнете себе си и на другите. Дури и на начинот на кој ја покажуваме својата благодат да бидеме тука за нашите најблиски, чувајќи се силни и ранливи истовремено – тоа е еден вид сила за мене “, рече Селма во емисијата.

escort - Korsan taksi