Тешко детство и разводи: Дали Џенифер Анистон е несреќна жена?

20 мај, 20200
26th Annual Screen Actors Guild Awards - Red Carpet

Сагата на омилениот холивудски пар Џенифер Анистон и Бред Пит продолжува.

И покрај се, Џенифер Анистон е повторно привлечена низ филтер на трачеви. Се појавија гласини дека глумицата доста време поминува со своите бивши партнери.

Забавно е да читате различни стории за актуелниот љубовен статус на глумицата Џенифер Анистон. Но сметајте дека треба да ги процесирате сите тие информации, да ги соберете, одземете и да извлечете нешто на што укажуваат, а тоа е навистина тешка и обемна работа.

WESTWOOD, CALIFORNIA – JUNE 10: Jennifer Aniston attends the LA premiere of Netflix’s “Murder Mystery” at Regency Village Theatre on June 10, 2019 in Westwood, California. (Photo by Leon Bennett/Getty Images)

Ако макар и половина од тоа што се пишува е вистина, веројатно не и е лесно ни на самата Џенифер. Најпрво, се чини дека таа деновиве поминува низ фаза на обновување добри односи со бившите партнери. Последната недела се појави вест дека таа интензивно се дружи со нејзиниот бивши, музичарот Џон Мајер.

WESTWOOD, CA – DECEMBER 07: Actress Jennifer Aniston attends the premiere of Paramount Pictures’ “Office Christmas Party” at Regency Village Theatre on December 7, 2016 in Westwood, California. (Photo by Matt Winkelmeyer/Getty Images)

Многумина побрзаа да заклучат дека овој некогашен пар е повторно во врска. Оние кои се упатени кажуваат дека тие веќе долго време се само другари. После нивното раскинување, Џенифер имала што да каже.

“Чувствувавме љубов еден за друг но истовремено знаевме дека сепак треба да пробаме со некој друг. Тоа е навистина болно – се пожалила своевремено Анистон.

Дали сега слично и се чувствува кога е во прашање Бред Пит? Се откако беа заедно сликани на доделувањето на САГ наградите, фановите не престануваат да навиваат за нивното љубовно помирување, но за истото нема официјална потврда. Но главна вест во странските медиуми гласи дека деновите на карантин, познатиот глумец ги поминувал токму кај Џенифер, односно дека се вселил во нејзината луксузна вила.

“Џенифер и Бред се доста одговорни. Со оглед на тоа дека не се во контакт со многу луѓе, сметаат дека е безбедно да се дружат со нивни блиски луѓе. Одржуваат редовни состаноци за персоналот и соработниците кои ги известуваат што се случува во Холивуд. Кога завршуваат со обврските, виртуелно се дружат со своите познати пријатели” – наведува нивен пријател.

CANNES, FRANCE – MAY 13: Actor Brad Pitt and wife actress Jennifer Aniston attend the World Premiere of the epic movie “Troy” at Le Palais de Festival on May 13, 2004 in Cannes, France. Aniston wears a dress by Versace. (Photo by Evan Agostini/Getty Images)

Од друга страна, пристигнуваат вести дека помеѓу бившите сопружници денес постои повеќе од само пријателство. Изворите кажуваат дека тие двајца имале искрена разговор во која глумицата му соопштила на Бред дека е спремна да се откаже од алкохолот. Знаејќи дека порано тој имал проблем со тој порок, кога се раздели од Анџелина Џоли, навистина сакала на овој начин да му помогне.

Исто така, познато е како најпознатиот холивудски пар стапил во контакт после години молк. Прв се јавил Бред и тоа не долго после прекинот со Џоли. Тогаш тој и се извинил а Џенифер за сите грешки кои тој ги направил во нивниот брак.

“Бред е денес сосема поинаков човек од она што беше додека беа заедно до Џен. Многу е склон кон интроспекција и многу работеше на себе во последните години” – кажува негов близок пријател.

Тој додава дека колку што е запознаен, ништо романтично не се случува помеѓу нив двајца. За шпекулациите двајцата молчат, а Џенифер неодамна напишала коментар за секојдневните пишувања на таа тема.

“Во најголемиот дел од случаите, можам да се изнасмеам на глупавите медиски натписи затоа што од ден на ден стануваат се поапсурдни. Претпоставувам дека се хранат од потребата на јавноста, но јас вистински се трудам да се сосредочам на работата” – порача глумицата.

Неодамна таа сепак се занимаваше со уште една тема, што не носи до тоа зошто Џенифер беше во фокусот на вниманието.

Таа во искрената исповест за америчкиот магацин “Elle” се навратила на тешкото детство и комплицираниот однос со нејзината мајка, покојната глумица Ненси До, што многумина ги изненади, земајќи во предвид дека за овој сегмент од нејзиниот живот никогаш не ни говорела.

Анистон не зборувала цели 15 години со својата мајка, дури не ја ни поканила на својата венчавка со Пит, а повторен контакт воспоставиле точно пред смртна на Ненси кога Џенифер и простила за се за што ја окривувала.

“Беше една од оние жени кои зборуваат: Душо, подобро грижи се за себе, Душо, нашминкај се малку…и сите чудни фази на кои се сеќавам од детството” – објаснува Џенифер за своите емотивни белези и истакнува дека сега, на некој начин, жали што и замерувала за тоа.

“Денес ми е јасно дека тоа го зборувала затоа што ме сакала. Не била свесна колку ќе ме повреди и колку пари ќе потрошам да ги поништам последиците од нејзиното однесување. Го зборуваше тоа бидејќи и таа самата така израснала. Мислам дека правеше најдобро што знаеше, се бореше финансиски и пробуваше да продолжи без сопруг кој веќе не беше со нас. Да бидеш самохрана мајка во текот на 80-тите, сигурна сум дека е прилично откачено”- кажува Анистон.

Дали заради лошите спомени или не, глумицата во повеќе наврати спомена дека намерно не е остварена како мајка и не мисли дека заради тоа, пропуштила нешто многу во животот. Можеби и тоа било причината за нефункционалниот брак со Бред Пит, кој тогаш ја замени Џенифер со Анџелина со која доби шест деца.

Ако ова е вистина, зарем ова смирување воопшто треба да се случи? Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi