„The Rock“ покажа зошто го нарекуваат „нежен гигант“: Сите ширум светот се насмеаа на оваа фотографија!

30 декември, 2020
рок

Американскиот актер и поранешен борач Двејн Џонсон, попознат како Рок (48), уште еднаш докажа дека е фантастичен татко и ги разгали своите обожаватели.

Имено, поранешниот професионален борач ја објави најслатката празнична фотографија на која тој и неговата најмлада ќерка Тај (2) играат со играчките што ги доби за Божиќ, вклучувајќи ја и Барби.

На фотографијата која привлече големо внимание, Рок ги покажа неговите огромни мускули во црна маица и црни панталони додека тој седеше на каучот и ја држеше Барба во рацете, а неговата ќерка носеше маица во боја на виножито и беж панталони.

Девојчето седеше на подот во соба полна со разни играчки, но токму нејзиниот татко беше фотографиран со Барби во раката, па тој уште еднаш докажа зошто го нарекуваат „нежен џин“!

escort - Korsan taksi