Тој е среќен човек: Ја изневерувал старлетата додека била бремена, а сега зетот го издал.

10 октомври, 2020
старлета

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон со месеци одбиваат да откриваат дали се помириле, но сега нејзиниот поранешен зет Скот Дисик ги издал…

Откако Клои објави секси фотографија, Скот не можеше да одолее да остави сочен коментар.

View this post on Instagram

👀 #CommentsByCelebs

A post shared by Comments By Celebs (@commentsbycelebs) on

– Тристан Томпсон е среќен човек – напиша тој и на тој начин потврди дека помирувањето на старлетата и кошаркарот заедно со прељубата сепак се случило.

Клои позираше во црно бикини за да ја покаже својата тесна линија, но и нова линија бикини од нејзиниот бренд Good American.

View this post on Instagram

Good Swim back in stock NOW!!!!

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Во последниве месеци, ѕвездата тврди дека се гледа со Томпсон само поради нејзината ќерка Тру.

Извори блиски до парот споделија со медиумите дека тие се помириле и се посреќни од кога било. Ако треба да им се верува, Клои се надева дека кошаркарот се сменил и дека овој пат нема да биде снимен како ја изневерува со други девојки во ноќните клубови.

Во времето кога Клои беше бремена, Томпсон беше снимен со неколку жени, а потоа го фатија како се бакнува со Џордан Вудс, најдобрата пријателка на Кајли. После тоа, неговата врска со Клои прекина, но не изгледа засекогаш.