Том Каулитц се отсели од куќата на Хејди Клум: Дали е ова конечен крај?!
Германскиот супермодел, 47-годишната Хајди Клум, се омажи за 16-години помладиот музичар Том Каулиц во август минатата година. Згодната русокоса тогаш тврдеше дека во него го пронашла вистинскиот партнер со кого е компатибилна во сè. „Ако имам какви било проблеми во животот или работата, тој е секогаш тука со мене. Тој знае како да слуша и да помага кога и да е потребно. Пресреќна сум што конечно добив партнер“, изјави Клум пред една година, зад којашто наскоро ќе се избројат три неуспешни бракови, јавуваат американските медиуми.
Според странските медиуми, немало недостаток на љубов или почит меѓу сопружниците, туку дошло до презаситување. „Двајцата сè уште се сакаат, но тие се пред се големи пријатели кои се секогаш тука еден за друг. Том не може да биде во чекор со нејзиното темпо, а разликата во возраста започна да претставува проблем, исто така. Тие одлучија да се разделат за период од еден месец, но не раскинуваат, но сакаат да живеат одделно некое време за да видат дали страстите меѓу нив ќе се вратат или бракот едноставно ќе се распадне “, изјави извор близок до парот.
„Дури и ако има развод, тој ќе биде согласен и тие сигурно ќе останат искрени и вистински пријатели кои секогаш ќе можат да сметаат на взаемна поддршка. Тие имаат здрава врска и се свесни кога нешто не оди добро“, заклучил изворот.