Том Круз е параноичен во врска со тајната што ќе биде откриена

26 октомври, 2020
Tom-Cruise

Не може да го спречи тоа.

Легендарната пејачка Шер и контроверзниот актер Том Круз во минатото имаа кратка „огнена романса“ за која Том не сака да зборува, открива National Enquirer во новиот број и тврди дека 57-годишната sвезда на „Mission Impossible“ стана параноична од страв дека 74- годишната пејачка во своите нови мемоари објавува детали за нивната авантура што нема да го прикаже во најдобро светло.

Извор близок до поранешниот сопруг на 41-годишната актерка Кети Холмс го нарекол Том „контролен изрод“, кој е опседнат со својот имиџ во јавноста, и кој паничи бидејќи не може да ја убеди Шер целосно да го изостави споменувањето на нивната романса во нејзините мемоари. Тој наводно дури и ѝ се јавил лично и ја разубедувал од тоа.

„Шер не сакаше да му каже што ќе биде во мемоарите и не сакаше да вети дека нема да ја спомене нивната авантура. Том се плаши дека може да биде засрамен од оваа информација, иако Шер има само убави работи да каже за нив двајца“, рекол изворот.

Таткото на 14-годишната Сури, која ја доби со Кети Холмс, додава изворот, смета дека романсата со Шер е „далечно минато што подобро се чува закопано“, поради некои „експлозивни тајни и интимни детали “. Меѓу другите, детали како оние за тоа како Том и Шер се запознале во 80-тите години во Белата куќа и веднаш почувствувале силна физичка привлечност. Набргу потоа, тие започнаа врска која беше „многу огнена“, но Шер ја раскина по неколку недели, а Том наводно се налутил бидејќи не сакала да му ја каже причината зошто го напушта. Инаку, пејачката позната по бројните козметички операции за време на lockdown-от, имала многу слободно време, па решила да ја сподели својата животна приказна во форма на мемоари што ќе биде објавена на крајот на годината.

escort - Korsan taksi