Том Круз на чекор до смирување со поранешната сопруга

20 јуни, 20200
profimedia-0195085570

Се чини дека холивудскиот актер е во клучна фаза од неговиот живот. Поради правилата на Сајентолошката црква на која тој е член, Том Круз не ја видел својата ќерка Сури, која пораснала со нејзината мајка, Кејти Холмс, цели 13 години.

Според неделникот „InTouch“, Сајентолозите, не ја прогласиле Сури за „супресивна“ личност, но Кејт да, а блискоста на мајката и ќерката може да претставува препрека за Том. Во црквата на Сајентологијата „супресивна“ личност е таа што ја напушта оваа црква или зборува против неа.

Според правилата на таа црква, ниту еден член не смее да биде во никаква врска со лицето кое го извршило „супресивниот “ чин, како што правела Кејт кога заминала од Сајентолошката црква. Сепак, изгледа дека наскоро може да се случи промена.

Странските медиуми пишуваат дека Сури е експлицитна во нејзината одлука за повторно воспоставување контакт со нејзиниот татко. Затоа е подготвена да стане член на Сајентолошката црква.

Ова не е единствената вест во животот на славниот актер

Според странските таблоиди, Том го обновил контактот со неговата поранешна сопруга, Никол Кидман, од која се разведе во 2001 година. Неименуван извор за странските медиуми изјави дека актерката, одлуката за развод, ја прогонува веќе подолго време, особено затоа што имаат две деца, синот Конор (25) и ќерката Изабел (27).

Како доказ, таблоидот наведува дека Никол отворено зборувала во медиумите за подобрување на односите со децата, што таа ги посвои за време на бракот со Том. Поради фактот што тие се придржувале до Сајентолошката црква, таа не била во контакт со нејзините син и ќерка неколку години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi