Том Круз оди во вселената?

6 мај, 20200
том 0

Вест што ги шокираше фановите

Ѕвездата на филмовите „Mission Impossible“ и „Top Gun“, 57-годишниот актер Том Круз, е познат во Холивуд како некој што нема дублери за снимање на акциони сцени, туку самиот ги изведува поради што се има здобиено со сериозни повреди. Поради оваа информација, многу фанови беа изненадени кога слушнаа дека нивниот омилен актер планира да работи на првиот филм што ќе се снима во вселената.

Имено, според порталот NME, актерот во моментов е во преговори со 48-годишниот инвеститор, инженер и пронаоѓач Илон Маск за снимањето на првиот филм во вселената. Основачот на Tesla и Space-X, наводно, е исто така во договори со НАСА, што треба да му помогне да го реализира овој проект, во кој една од клучните улоги треба да ја игра славниот актер.

Иако сè уште се во фаза на преговарање, фактот што Том, добро познат љубител на адреналин, беше доволен за многу да заклучат дека во случај на реализација на филмот, 57-годишниот ќе биде првиот актер што ќе отиде во вселената. Инаку, во прилог на сомнежот е фактот дека за време на снимањето на четвртото продолжение од серијалот „Mission Impossible“, актерот се спуштил од највисоката зграда во Дубаи, Бурџ Калифa.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *