Тони Цетински со емотивен статус по повод 13 години од смртта на Тоше Проески: „Физички, само физички не напушти брате мој“

15 октомври, 2020
toni

Постои народна поговорка која вели: „Времето лечи се’. Но, не е така, времето не ја лечи болката, празнината, тагата по најблиските кои заминале прерадно од овој свет, не ја лечи ни тага, ни носталгијата по големите музички ѕвезди кои прерано не напуштија и оставија да ги пееме нивните хитови.

Утре (16.10.2020) се полнат 13 години од смртта на македонската ѕвезда, легенда, пејач Тоше Проески.

Неговите најмили, фанови, пријатели, колеги и по толку години не можат да прифатат дека македонскиот пејач си замина прерарно, а по неговото заминување остави празнина и хитови кои ќе се пејат засекогаш.

Колега и пријателот на Тоше, хрватскиот пејач Тони Цетински еден ден пред годишнината се огласи на својот Фејсбук со емотивен статус.

„13 долги години.

Утре, некаде во ова време физички, но само физички не напушти брате мој. Не можам да верувам колку ни недостигаш и се уште ни е тешко што прерано не напушти. Животот не е фер….

Се прашуваш ли каде сум и што правам? На пат, се разбира и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж која ни е потребна во ова чудно и злобно време. Ќе биде се во ред додека те имаме тебе кој не чува со својата присутност, со своите песни и со се добро и племенито што остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината. Знам дека не чуваш, а мораш и да знаеш дека секогаш си во нашите молите. Те сака братот“, напиша Цетински.

Потсетуваме, Тоше Проески почина во 2007 година на пат кон Хрватска.

escort - Korsan taksi