Трик од 2 секунди што открива дали сефот во вашата хотелска соба е навистина безбеден

19 јули, 2020
сеф

Многу сефови во хотелските соби имаат код што служи за отворање на вратата за во случај гостите да ја заборават лозинката.

Комбинациите им се познати и на оние кои таргетираат накит, пасош или пари што туристите ги чуваат во сеф. Најчестите шифри за ресетирање се 999999 или 0000, така што не чини ништо да ги испробате и да бидете сигурни дека вашите скапоцености се навистина безбедни.

Според советите на искусни патници, добра е идејата да ги избришете отпечатоците или да притиснете други копчиња откако ќе го напишете кодот, за да не можат да ви влезат во траг со помош на специјални светлечки уреди.

Во видеото погледнете како да проверите дали постои код за ресетирање: