Трикот поради кој се повеќе аеродроми имаат теписон

17 мај, 20200
61631519-aerodrom

Инвестицијата на аеродромите со поставување на теписони брзо им се враќа бидејќи патниците кои се осеќаат поопуштено повеќе и трошат.

Откако брзајќи ќе ги поминете сите аеродромски контроли и препреки и ќе стигнете пред гејтот каде ве очекува кратка починка пред да полетате ќе наидете на мека подлога под тркалцата на вашиот куфер и под вашите нозе.

Тоа што се повеќе аеродроми имаат теписони не е без причина. Иако претходниот тврд под е попрактичен и полесен за одржување за разлика од новиот и мек, психолозите не се сложуваат. Според нив теписонот на аеродромите прави да се осеќаме покомотно и поопуштено.

Ако патниците се осеќаат опуштено тогаш тие полесно и ќе се одлучат да купат нешто од аеродромите. Според истражувањата 7 % од задоволни и опуштените патници почесто го посетуваат free shop-от и останатите продавници.

Освен теписонот она што исто така ги опушта патниците се и ниските тавани. Улогата на просториите за јога или сауните на аеродромите исто така е за да се овозможи целосно опуштање и задоволство на патниците кои имаат големи паузи меѓу летовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi