Трогателната љубовна приказна на Дино Мерлин на која ги посвети најубавите стихови

10 август, 20200
хјм


Дино Мерлин ја напиша славната „Kad si rekla da me volis“ и ја посвети на својата сопруга Амела во најтешките моменти, кога беа разделени.

Дино Мерлин – Един Дервишхалидовиќ стана дедо!!! | Вечер ...1963 ...


Имено, нејзините родители не сакале нивната ќерка да се гледа со сиромашниот човек, па и забранувале да излезе со сега најпознатиот пејач. Дино потекнувал од сиромашно семејство, кое неговиот татко го оставил кога бил момче. Како тинејџер, се заљубил во богата девојка по име Амела. Тој учел за трговија, а таа одела во средно училиште. Нејзините родители сакале нивната ќерка да се забавува со еден млад човек од истата класа, па и забранувале да го види Дино. Така, двајцата се гледале во тајност и го поминале најголемиот дел од петгодишната врска. Тогаш Дино, понесен од чувствата и одвоеноста од Амела, го напиша мега хитот „Kad si rekla da me volis“.


На крајот, Дино буквално ја киднапирал од куќата и тие избегале заедно. Ова ги налутило родителите на Амела, кои не сакале повеќе да слушнат за неа, особено кога дознале дека двојката се венчаат. И двајцата страдале заради тоа, а сиромашниот Дино сега имал одговорност да ја поддржува својата сопруга. Сепак, тие сфатиле дека не можат да влијаат врз љубовта на двајцата млади, па се помириле и го засакале Дино како родено дете.

Дино Мерлин ќе пее за Нова година во Скопје - M Express

– Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години, се венчавме во тајност. Беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела која беше кума. Говорот на матичарот беше предолг за мене, јас постојано ја гледав вратата за никој да не наиде и да ни ја расипе среќата. По венчавката, отидовме на меден месец во Дубровник, и кога се вративме, се преселивме со мајка ми и веднаш го почувствувавме влијанието на секојдневниот живот. Имав голема одговорност за моето семејство и напорна работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година дури и не сакаа да слушнат за неа. Но, времето лечи сè, затоа денес родителите на Амела ме сакаат повеќе отколку што заслужувам – откри пејачот во една прилика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi