Турбулентен развод на Олсен близначката: ја избркал од дома и ги поканил бившата жена и деца

30 мај, 20200
imageedit_15_9680956995

Мери Кејт Олсен, 33-годишната американска глумица и дизајнерка, неодамна ја шокираше јавноста со новоста дека се разведува од 51-годишниот Оливиер Саркози, после 5 години брак.

Блиски извори на парот потврдуваат дека ситуацијата меѓу нив станала „многу непријатна“, и дека Оливиер ја избркал Мери Кејт од нивниот заеднички дом. За да стане работата уште понепријатна, таблоидите сега известуваат дека веднаш штом познатата близначка си отишла, Саркози ги поканил бившата сопруга Шарлот Бернард, нивните две деца и неговата мајка во домот.

Причината за ова е што тој бил загрижен за нивната безбедност заради пандемијата во Њу Јорк, каде што тие живееле, и затоа ги повикал во неговиот дом во Бриџхемптон.

Сето ова се случило уште во Април, пред Мери Кејт официјално да поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг.

Инаку, Оливиер Саркози и писателката Шарлот беа во брак од 1997 до 2010 година, а службено се разведоа една година подоцна. Врската со Мери Кејт ја започна во 2012г. а три години подоцна застанаа пред олтар, организирајќи мала, приватна церемонија.

Што се однесува до Олсен, таа се изолира во многу потивка и посмирена околина откако го напушти својот дом во Бриџхемптон. Отпрвин престојувала кај нејзината сестра и бизнис партнерка, Ешли Олсен, надвор од Њу Јорк. Според новата репортажа на Page Six, таа сега сама изнајмува куќа на Хамптонс, односно летен имот со приватно пристаниште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *