Убавата актерка е обвинета за трагичната смрт на своето момче, нејзиниот живот се претвори во пекол!

9 септември, 2020
sushant-rhea-1596013515

Актерката од БОЛИВУД Реа Чакрабори е доведена на полициско испитување поради можна поврзаност со трагичната смрт на нејзиното момче, актерот Сушант Синг Рајпут, пишува Би-Би-Си.

Рајпут (34) беше пронајден мртов во неговиот стан во Бомбај во јуни годинава, а полицијата потврди дека станува збор за самоубиство.

Неговото семејство ја пријавило Реа во полиција обвинувајќи ја дека го охрабрувала во намерата да си го одземе животот.

Бидејќи Рајпут беше голема sвезда во неговата родна Индија, неговата смрт беше објавена од медиумите, а детали од неговиот однос со Реа исто така излегоа на виделина.

Двојката започна да се забавѕва минатото лето, а во декември 2019 година започнаа да живеат заедно. Само една недела пред неговата смрт, Реа се врати кај нејзините родители.

Откако почина, индиските медиуми објавија дека има проблеми со менталното здравје, а потоа Реа се најде во центарот на вниманието на јавноста. Медиумската потера се засили откако таткото на Рајпут ја тужеше. Тој тврди дека неговиот син немал никакви ментални проблеми и ја обвини Реа, меѓу другото, за кражба на парите на неговиот син.

Актерката со недели кружи и на социјалните мрежи, каде корисниците ја нарекуваат „ловец на богатство“ и пишуваат дека го закачила Рајпут со дрога и го навела на самоубиство.

Реа ги негираше сите обвиненија, а голем број актери од Боливуд ја бранеа, повикувајќи индиски новинари, тврдејќи дека ја мобингуваат актерката.

“Линчувате човечко суштество дури и пред да се докаже неговата вина. Искрено се молам да ве стигне кармата”, напиша актерката Тапси Пану на социјалните мрежи.

Братот на Реа исто така беше уапсен под обвинение дека имал врски со дрогата, осомничена дека е поврзана со смртта на Рајпут.