Убавата наследничка на Ума Турман блесна на црвениот тепих во Венеција

6 септември, 2020
1304929

Ќерката на актерката Ума Турман и актерот Итан Хоук, 22-годишната млада филмска надеж во создавањето се појави во форма на вистинска sвезда на филмскиот фестивал во Венеција

Во фустан дизајниран само за да се појави на црвениот тепих, Маја Хоук пристигна на филмскиот фестивал во Венеција. Младата ќерка на холивудскиот пар Ума Турман и Итан Хоук одамна тргна по стапките на нејзините родители па се фрли во актерските води.

Оваа згодна 22-годишна девојка сега блескаше во манир на вистинска sвезда пред собраните фото објективи, облечена во многу ефектен фустан со тенки прерамки кои се преплетуваат во задниот дел, а долниот дел од креацијата е украсен со многу впечатливи златно-сребрени „парчиња“.

Младата актерка носеше препознатлива фризура со која можевме да ја видиме секој пат на црвениот тепих, па очигледно тоа е една од нејзините заштитени знаци.

Згодната Маја, по обрските на фестивалот, го искористи топлото време во Италија и скокна на најблиската плажа, каде се соблече во мало бикини со танга гаќички и ја покажа својата беспрекорна фигура, која очигледно ја наследила од нејзината славна мајка.