Убиството на Џорџ Флојд донесе промени и во светот на филмската индустрија

21 јуни, 20200
profimedia-0527499363

Протестите наречени „Black lives matter“, започнати откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен од страна на полицаецот Дерек Шовин, траат со недели во САД. Промената на атмосферата влијаеше и на телевизијата, филмот и музиката – HBO го отстрани класикот „Gone with the Wind“, откажани се сериите „Cops“ и „Live PD“, а серијалите „Little Britain“ и „The Mighty Boosh“ веќе не се на Netflix.

Серијата “Dukes of Нazard” исто така е отстранета, а Би-Би-Си ја отстрани затоа што во неа се употребува навредлив збор за лице со црна боја на кожата.

Промената влијаеше не само на спомениците, туку и на филмовите, и најсилно резонираше со тоа што HBO го повлече класикот „ Gone with the Wind “ затоа што ги величи расните стереотипи, како на пример дека, црнците се глупави, секогаш насмеани луѓе кои сакале да работат за своите сопственици. Сето ова го истакна сценаристот Џон Ридли во колумната објавена во Лос Анџелес Тајмс.

– “Свесен сум дека филмовите често се разгледници од историски момент. Овој филм го велича предвоениот југ и кога не ги игнорира сите ужаси на ропството, истакнува некои од најлошите стереотипи. Прикажувајќи ја Конфедерацијата и нивната борба како нешто подобро отколку што било – крвава борба за право на поседување, продажба и купување човечки суштества – напиша Ридли на кого сценариото за „12 години ропство“ му донесе Оскар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *