Украде приказна на жртва на силување за да му напакости на поранешниот сопруг

18 јули, 2020
Annotation 2020-07-18 135826

Драмата на поранешните сопружници, Џони Деп и Амбер Харт и понатаму не престанува. Покрај тоа што се влечат по судови веќе со месеци, наводно поради домашно насилство кое глумецот го вршел на глумицата, најновите детали кои се појавуваат на социјалните мрежи никој не ги очекуваше. Со оглед на тоа, дека веќе никој не е сигурен кој е жртвата во оваа приказна, изгледа дека мнозинството од оние на социјалните мрежи му го штитат грбот на Џони.

Наводно, според тоа што го пишуваат, Амбер ја прерасакажала приказната за злоупотребувањето на девојката Кејт Џејмс. Жртвата на злоупотреба неоддамна призна на суд дека Амбер и ја украде нејзината приказна и болка за да му нанесе штета на својот сопруг. Колку зло може да има во една жена? “Луѓето мораат да знаат дека се што таа кажува е лага” кажува една твитерџика. Некои извадија и фотографии кои покажуваат како Амбер ги фалсификува модриците на лицето.

amber heard johnny depp

Исто така излегоа и фотографии од Амбер и наводно нејзиниот љубовник Елон Маск кои имаа афера во 2015 година, кога глумицата сеуште беше во брак со Деп. “Амбер модрицата ја имаше додека го посетуваше Елон Маск, кога Џони беше на пат” кажува уште една твитерџика, која исто така тврди дека во џела оваа приказна жртвата на насилство е Џони. При истерувањето правдина, на друшрвените мрежи се покрена бунт “Justice for Johnny Depp”.

amber heard johnny depp

Да се потсетиме, ѕвездениот пар раскина во мај 2016та година, кога глумицата после 15 месечен брак побара развод, а како причината за развод го обвини Деп за насилство кое кулминирало во мај, кога глумецот наводно и фрлил мобилен телефон во лице и кршел работи во станот. Во следните месеци поранешните сопружници дадода обвиненија еден за друг, а некои од најбизарните сигурно се оние во кои Џони тврди како Амбер го погодила со стаклена вазна, му го повредила прстот и потоа наводно му изгасила цигара од образ, додека таа тврди дека Џони нејзе ја тепал, кубел за коса, ја гушел и за малку ќе ја удавел.