Умира сопругата на принцот Чарлс?

28 јули, 20200
Annotation 2020-07-28 135359

Тврдат странските медиуми

Војвотката од Корнвол и сопруга на принцот Чарлс, 73-годишната Камила, умира, според списанието Globe. Имено, како што открил неименуван извор за споменатиот медиум, 73-годишничката открила на редовен преглед дека има карцином на црниот дроб и не и останало многу време.

Camilla Parker

‘Камила сметаше дека промените во нејзината кожа – жолтеникавиот сјај – се должи на возраста. Па таа само ставаше повеќе шминка. Сепак, лекарите дијагностицирале карцином на црниот дроб и забраниле понатамошно консумирање алкохол “, изјави извор за медиумите и додал дека е иронично што војвотката дознала за вестите веднаш откако кралицата објавила дека Камила и принцот Чарлс ќе ја наследат на престолот.

Camilla Parker

‘Камила правеше одвратни работи целиот свој живот со надеж да биде кралица. Таа го изневери нејзиниот сопруг Ендру Паркер Боулс со Чарлс и како љубовница на принцот го уништи бракот со Дијана. Таа, исто така, правеше сплетки за Вилијам и Кејт за да не и ја земат круна, а сега откри дека умира. Многу иронично “, рече изворот за Globe и откри дека кралицата не е среќна што на Камила и била дијагностицирана сериозна болест, но во исто време и била ослободена бидејќи знае дека нема да ја наследи. Сепак, и покрај наводите на споменатото списание, нема официјална потврда од дворот и сè уште не се знае со сигурност дали сопругата на принцот Чарлс боледува од малигна болест или не.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *