Вечен симбол за бунтовност: Пипи долгиот чорап полни 75 години!

22 мај, 20200
пипи 3

На Пипи Долгиот Чорап и е роденден. Зошто сите и се воодушевуваат на најсилната, најхрабрата и најнезависната девојка на светот? Детскиот класик го има одговорот.

Потребно е малку повеќе време за да може Пипи да си го каже своето целосно име и презиме. И тоа на сите 70 јазици на кои е преведена оваа книга за деца.

Пипи сè уште е популарна во Германија. Околу 8,6 милиони книги се продадени во Германија од 1949 година, а во светот се продадени 70 милиони копии.

Во 1941 година во Шведска писателката Астрид Линдгред сакајќи да ја анимира својата болна ќерка која лежела во кревет ја создала црвенокосата пегава девојка со различни чорапи, чија мајка е на небото, а татко и е кралот на јужните мориња. Девојче кое живее со коњот и мајмунот, господин Нилсон. Три години подоцна Астрид Линдгрен ги испратила приказните за Пипи во издавачка куќа, но била веднаш одбиена.

Сакајте ја или мразете ја

Во 1945 Астрид Линдгрен учествувала на книежевен конкурс со приказните за Пипи и победила. За Божик во 1945 година Пипи Долгиот Чорап ја здогледала светлината на денот претворајќи се во детски класик.

Сепак, Пипи предизвукувала дискусии меѓу возрасните. Некои сметале дека 9 годишно девојче кое живее само, има сила како џин и прави што сака може да биде лош пример за децата. Исто така, сметале дека јазикот кој го користи Пипи е прост и вулгарен. Карактерот на Пипи го дефинирале како ненормален и патолошки.

Со Пипи никогаш не е здодевно

Но популарноста на Пипи го докажало спротивното.

До смртта на Астрид Линдгрен во 2002 година на 95 годишна возраст, во Шведска биле снимени преку 40 различни филмови за Пипи со седум различни актерки. Ликот на Пипи сега има 75 години.

Она што на сите им било интересно е начинот на кој Пипи живеела и се забавувала.

Еманципирана девојка

Денешните психолози пак тврдат дека Пипи е вистинска детска хероина и дека девојчињата особено се поистоветуваат со неа. Бидејќи Пипи е силна, фина и сака да помогне. Иако не оди во училиште, сепак може да постигне сè што сака. Секој што ја сака Пипи ќе може подоцна да им се спротивстави на мажите кои сè уште владеат во професионалниот свет. Уште една фасцинантна работа во оваа книга е начинот на кој е опишан балансот во моќта помеѓу децата и возрасните, кој е безвременски.

Рецепт за живот

Пипи го отелотворува сè она што децата го сакаат во своите животи: самостојност, супер моќи, авантури… Таа им дава сигурност на несигурните деца. Иако знае да се шегува со возрасните, Пипи има неверојатно чувство за правда и големо срце.

Иако има нереални моќи, тоа не претставува пречка- децата сакаат супер херои, а тоа може да се потврди со малку понов проимер- Хари Потер.

На тој начин Астрид Линдгрен ја стимулира фантазијата кај децата и ги поттикнува да искусуваат работи. Но откако ќе се изнаиграат низ луди случки и идеи, таа полека ги враќа децата во реалниот свет.

Приказните за Пипи сè уште се актуелни- како за децата, така и за возрасните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi