Вељко Ражнатовиќ со поддршка до својот колега: Издржи брате!

26 јуни, 2020
2260911_screenshot-223_ls

Вељко Ражнатовиќ му даде поддршка на српскиот боксер, кој брутално беше претепан во Црна Гора во средата.

Потсетуваме дека во немирите во Будва полицијата во средата брутално го претепа и го уапси познатиот српски боксер Никола Сјеклоча.
Сјеклоча е поранешен репрезентативец во бокс, кој освои бронза на Светското првенство во Тајланд во 2003 година. Тој е исто така носител на престижниот WBO појас, а исто така беше и вице-шампион во организацијата на WBC.

Веста дека Никола е уапсен, го потресе и го налути неговиот млад колега, Вељко Ражнатовиќ.

Вељко беше вознемирен од бруталната реакција на полицијата во Црна Гора, па тој жестоко реагираше на скандалот во Будва. Тој на својот профил на Инстаграм објави серија фотографии кои го прикажуваат овој срамен настан и не бираше зборови: