Вереникот на Џенифер Лопез, забележан во друштво на мистериозна жена, набргу по одложувањето на венчавката

19 јуни, 20200
GettyImages1127288067-186e6efb-66e3-414b-969e-0d01a3ff8611

Пред пандемијата од Коронавирусот, светот сакаше да види една од најочекуваните свадби во годината – онаа на пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот вереник, Алекс Родригез. Но, како и сите настани во овие  месеци – истиот беше откажан. Со оглед на тоа што мерките во Америка сè уште не се олеснети до крај, оваа двојка „убива“ досада на различни начини. Имено, Алекс е виден со мистериозна жена додека возел велосипед. Иако, не се знае за кого точно станува збор, она што најмногу привлече внимание е фактот дека таа премногу наликува на Џенифер Лопез.

Папараците неодамна го фатија како вози велосипеди низ Лос Анџелес без неговата вереница, а во друштво на пријатели. Како што се очекуваше, најголемо внимание привлече непознатата дама, која може да се пофали со мускули и облини, баш како и неговата идна сопруга. Патем, Алекс и Џеј Ло се познати по нивната голема љубов кон спортот, што ја покажаа и за време на карантинот.

Со оглед на тоа што сега требаше да ги доживеат највозбудливите моменти, оваа двојка бара на кој било начин да ги одвлече своите мисли од тоа.

  • “Јас сум малку со скршено срце затоа што имавме некои големи планови, но јас сум едноставно таква. Знаете што? Бог има поголем план, затоа само треба да почекаме и да видиме“ –  рече пејачката и истакна дека се обидува да верува дека сè ќе биде подобро, кога ќе дојде време за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi