„Ви благодарам на сите за поддршката, иако навистина не ми е потребна“- Карди Би отворено за разводот од Офсет

21 септември, 2020
cardi-b-3-830x0

Славната раперка откри дека изневерувањето не е вистинската причина за нејиниот развод со сопругот Офсет

Познатата американска раперка Карди Би (27) на Инстаграм во live ја откри вистинската причина за разводот со нејзиниот сопруг Офсет (28), со кого беше во брак три години.

Имено, Карди на социјалните мрежи објасни дека изневерувањето не е причина за нејзиното разделување од долгогодишниот партнер, но дека поради честите кавги на нивната љубов ѝ се стави крај.

Пејачката неодамна ги достави своите документи за развод, па откри дека никогаш не плачела поради тоа.

-Ви благодарам на сите за поддршката, иако навистина не ми треба. Добро сум. Само сакам да ви кажам дека ниту еднаш не заплакав – им порача раперката на своите обожаватели.

Таа истакна дека неверството не е причина за разделбата, иако се шпекулираше дека станува збор за тоа во последните неколку дена.

– Уморна сум од расправии. Уморна сум што не можеме да се согласиме за ништо. Имам чувство дека сум уморна од луѓе – заклучи таа.

Да потсетиме, Карди Би и Офсет раскинаа накратко пред две години, а тогаш причината за тоа беше наводно неговото неверство, но неколку месеци подоцна тие потврдија дека се смириле. Тие ја имаат ќерката Култура и истакнаа дека ќе се обидат да одржат добри односи поради нивната ќерка. Карди Би неодамна на својот поранешен сопруг му подари половина милион долари за неговиот роденден.

escort - Korsan taksi