Викторија Бекам ќе ги присили Меган Маркл и Кејт Мидлтон да се смират на венчавката на нејзиниот син! Еве како планира да го изведе тоа!

19 ноември, 2020
Screenshot_2

Наводно, Викторија Бекам разгледува начини да им помогне на Меган Маркл и Кејт Мидлтон да го прекинат недоразбирањето. Според таблоидот „New Idea“, поранешната членка на групата „Spice Girls“ се бори со одлуката да ги покани двете војвотки на венчавката на нејзиниот син Бруклин Бекам. Нивниот извор тврди дека по консултација со нејзиниот сопруг Дејвид, Викторија заклучила дека изборот помеѓу Маркл и Мидлтон ќе биде социјално самоубиство. На крајот на краиштата, кралските фанови и другите познати личности очекуваат да ги видат и Меган и Кејт на венчавката, без оглед на сѐ.

Затоа, Викторија ќе ги замоли Маркл и Мидлтон привремено да ги решат нивните проблеми додека се на свадба, а таа не се двоуми да седне на иста маса со војвотките за да разговара со нив и да им даде можност да се смират. Во умот на Викторија, Маркл и Мидлтон сигурно нема да се расправаат и да се караат затоа што на венчавката ќе бидат опкружени со камери, а можно е по тој состанок сепак да го обноват пријателството. Извор за споменатиот таблоид тврди дека Викторија дури се пошегува на своите пријатели дека заслужува да ја добие декорацијата од кралицата Елизабета доколку се покаже дека токму таа ја излечила расправата меѓу Маркл и Мидлтон.

Додуша, колку и да е возбудлива оваа приказна за таблоидот, официјалната листа на гости за венчавката на Бруклин сè уште не е објавена, но знаејќи ја Викторија која многу внимава на нејзиниот имиџ и кругот во кој се движи, она што тврди „New Idea“ не е далеку од вистината. Сепак, Маркл најверојатно нема да лета назад во Велика Британија за да присуствува на венчавката кога одби да се обедини со кралското семејство.

Во меѓувреме, се покажа дека „New Idea“ не е првиот таблоид кој излезе со приказна за Викторија, Меган и Кејт. Во август, „Closer UK“ тврди дека модниот дизајнер е растргнат помеѓу Маркл и Мидлтон. Извор за тогашниот таблоид изјави дека Викторија е загрижена дека судирените снаи ќе ги засенат нејзиниот син и идната снаа Никола Пелц, додавајќи: На крајот на краиштата, Бекамови и се блиски со Хари и Меган, но не може да се порекне и фактот дека се блиски и со Вилијам и Кејт. Впрочем, Бекамови и Кембриџ се познаваат со децении и се добри пријатели“.

Неколку недели подоцна, „Heat UK“ тврди дека Бекамови веќе им дале покана на принцот Вилијам и на принцот Хари на венчавката на нивниот син затоа што тие сакале да се чувствуваат како членови на кралскиот круг. Наводно, Викторија има проблеми со родителите на Никол Пелц, бидејќи тие се побогати од неа. За да им покаже дека и таа е доволно висока на социјалното скалило, поранешната пејачка, наводно, решила да ги покани кралските браќа и нивните жени на свадбата на нејзиниот син.