Викторија и Дејвид Бекам се одлучија за драстичен потег

1 јуни, 20200
ѕгуиуиу

Еден од најпознатите светски парови, 46-годишната Викторија Бекам и нејзиниот 45-годишен сопруг, пензиониран фудбалер Дејвид, ја изненадија јавноста со нивниот последен потег, кој според некои е доста драстичен. Имено, парот кој во моментот е со своите деца, 17-годишниот Ромео, 15-годишниот Круз и осумгодишниот Харпер, на семејна фарма во Котсволдс, каде отидоа да се изолираат од коронавирусот, решија да изградат тунел за бегство во случај некој да одлучи провали во куќата.

Според „Дејли експрес“, Викторија и Дејвид се решиле на овој потег откако домот на англискиот фудбалер Деле Али бил нападнат претходно овој месец од провалници кои, меѓу другото, му се заканувале на фудбалерот со нож. „Со новите планови се предвидува подрум, кој покрај винарскиот склад, ќе има и тунел кој, во случај на кражба, ќе им помогне да избегаат“, рече архитектот задолжен за реновирање на семејниот дом на Бекам.

Патем, пред две години Бекамите се сретнале со обид за грабеж кога провалници, двапати во рок од два месеци, се обиделе да провалат во куќата во Котсволдс, каде што се наоѓаат моментално. Иако во тоа време никој не останувал на имотот, провалниците потоа ги бркале седум чувари и две кучиња кои биле таму за да го заштитат имотот вреден шест милиони фунти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi