Викторија објави фотографија од „разголениот“ Бекам: „Ех, да имаме сите по еден ваков…“

25 ноември, 2020
profimedia-0504063535-830x0


Викторија (46) и Дејвид Бекам (45) во последно време се чуваа од коронавирусот и се повеќе време минуваат во теретана, а сега славната дизајнерка ги објави своите фотографии од тренингот

Имено, Викторија објави фотографија од нејзиниот сопруг како прави стој на раце без маица, па напиша:

– Утрински тренинг со мојот сопруг – пишува во описот на споменатата фотографија, а потоа добила еден куп пораки од жени на кои им се допаѓало она што го виделе, а тоа е затегнатото тело на Дејвид кое изгледа совршено во петтата деценија од животот.

Викторија потоа објави секси селфи од теретана каде позираше во црни хеланки и забележан градник додека на главата имаше црно капче.