Виртуелни концерти на иднината – Кети Пери на Tomorrowland!

27 јули, 20200
keti peri

Поп-ѕвездата Кети Пери го одржа својот прв виртуелен настап на големата дигитална сцена на фестивалот Tomorrowland, со што го претстави својот албум „Smile“, кој ќе биде достапен на 14 август годинава.

Бремената пејачка првично го објави својот план на социјалните мрежи, наведувајќи дека подготвува голем спектакл. Појавувајќи се во голем летачки балон, Кети го почна концертот со песната „Smile“ од албумот со исто име, а потоа продолжи да ги пее добро познатите „среќни“ хитови.

„Здраво Tomorrowland, овде е Кети Пери и се надевам дека ќе можете да се насмеете вечерва со мене“, рече пејачката на почетокот.

Таа на виртуелната сцена ги изведе и своите претходни хитови како “Teenage Dream,” “California Girls,” “Dark Horse” i “Roar”.

Мартин Герикс, Афроџек и Дејвид Гета исто така беа на големата сцена на најпопуларниот фестивал во светот, исто така во виртуелно издание.

Погледнете како изгледаше тоа во видеото подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi