ВИСТИНАТА ЗА ТОА КАКО СЕ ЗАПОЗНАЛЕ МЕЛАНИЈА И ДОНАЛД: Првата дама ги откри СИТЕ детали од невообичаената средба

25 август, 2020
273415_profimedia0049668221_ff

Меланија Трамп е во брак со претседателот на САД, веќе 15 години, а пред да облучат да стапнат на “лудиот камен”, се забавувале 7 години.

Меланија и нејзиниот 24 години постар сопруг Доналд Трамп, во моментов се едни од најпознатите парови во светот. Двајцата се заедно 22 години.

Во 1998 година, кога се запознале, Доналд веднаш ја забележал манекенката.

Тој побарал да ја запознае и ја „барал“ цела вечер, обидувајќи се да го добие нејзиниот број. Сепак, нивниот пат до романса не поминал без проблеми, бидејќи Меланија таа вечер го обвинила нејзиниот иден сопруг дека е премногу лукав.

Во интервју за магазинот „People“, парот откри детали за прославата и нивното запознавање. Зборувајќи отворено за својата сопруга, Доналд призна:

  • Ја видов Меланија и прашав која е. Таа беше многу успешен модел. Таа беше неверојатна. Се обидов да го добијам нејзиниот број, но таа не сакаше да ми го даде.

Меланија откри дека до тогаш, пред да го запознае, слушнала многу трачеви за следниот претседател.

„Слушнав дека тој е женкар, па му реков дека не сум една од тие дами“, рече Меланија.

Се покажа дека Доналд таа ноќ бил на состанок со друга жена, но тој направил лукав план да ја „убеди“ таа друга дама, да разговара со Меланија. За тоа како дознала, Меланија изјавила:

  • Тој подоцна ми кажа дека ја испратил својата придружничка во тоалетот, за да може да го добие мојот број. Веднаш помислив дека е многу лукав план!

Првата дама одбила да му го даде бројот на Доналд, па таа го прашала за неговиот број, за да може сама да одлучи дали сака да го повика или не. Таа призна дека Доналд и ги дал сите свои броеви, сакајќи да му се јави што поскоро.

На крај, сепак го добил посакуваниот повик.

Неколку недели подоцна, тие започнале да се забавуваат, а во 2005 година стапија во брак. Една година подоцна, го добија синот Барон. Тоа е прво дете на Меланија, а петто на Доналд.