Вистински уметнички дела од макаронс!

4 мај, 2020
макаронс

26 годишната Ким Делиа од Швајцарија од пред две години се занимава со изработка на торти и колачи, славните макаронс. Оваа цвеќарка, која моментално работи во продавница за гардероба, се прославила на социјалните мрежи благодарение на нејзиниот талент.

Најпрво почнала да прави торти, а пред некое време почнала да прави макаронс. Иако за нејзините колачи може да се каже дека изгледаат сензационално, Ким вели дека сè уште учи. Секоја своја грешка може да ја претвори во уметничко ремек дело.

Бидејќи по професија е цвеќарка, токму цвеќето е најчестиот мотив за нејзините слатки, кои изгледаат како вистински скулптури…