Во 21 часот погледнете во небото и спремете се! Непријатно помрачување на Месечината што менува судбини!

5 јуни, 20200
imageedit_150_8181378079

Вечерва точно во 21 часот и 13 минути се случува помрачување на Месечината во огнениот знак Стрелец.

Бидејќи полната месечина ќе биде во Стрелец, а уште и помрачена, тоа ќе значи дека сите ќе се стремиме кон рушење на бариерите и ослободување од различни работи.

Секое помрачување на Месечината секако влијае негативно на психата, па затоа овој ден ќе биде исполнет со грижи, фрустрации и стравови.

Она што е важно да знаеме е дека ова помрачување ќе биде и моментот кога ќе донесеме многу важни одлуки кои може да ни ја сменат судбината.

Бидејќи Месечината е во Стрелец, ова случување најтешко ќе го поднесат самите Стрелци, како и Биковите, Рибите и Девиците!

Многу е важно да запомниме дека треба да останеме воздржани за да не донесеме одлуки за кои ќе се каеме по неколку дена.

Најранливи и најчувствителни ќе бидат РИБИТЕ, поготово бидејќи Месечината овој пат поминува низ нивниот знак. Пред Рибите стојат настани кои силно ќе влијаат врз нивните емоции. Ќе бидат подложни на промени во расположението, а на ноќта на полната Месечина, што и да планирале на крај ќе останат сами. Рибите се и инаку склони на фантазирање и сонување, па полната Месечина ќе ги натера да се оддалечат уште повеќе од реалноста.

Следниот знак кој силно ќе ја почувствува лунарната промена е БИКОТ. Овие знаци се многу емотивни, како и подложни на туѓи мислења. Тие претерано се нервираат и се грижат, па затоа нивните нерви се истенчени, а овој проблем се влошува за време на полна Месечина. Стануваат депресивни и раздразливи, а за нив е и честа појава да се зависни од супстанци како алкохол, па овој период ќе ги направи да потпаднат на нивните пороци.

РАКОВИТЕ пак, за време на овој настан може да имаат непријатни искуства со здравјето, како плитко дишење и срцеви проблеми. Хиперактивните Ракови за ова време може да почувствуваат пад на енергијата и депресивни епизоди.

Оваа полна Месечина најголемо влијание врз здравјето ќе има на ДЕВИЦИТЕ. Кај нив е можно генерално нарушување на здравјето, особено на крвниот притисок и дишењето. Одговорните Девици вообичаено внимаваат на своето здравје, но како познати работохоличари, не е ни чудно ако дојде до здравствени проблеми кај нив, а полната Месечина само ги зголемува.

Месечината ќе има и големо влијание врз БЛИЗНАЦИТЕ. Овој знак е природно поделен на два дела – денес е една личност, утре друга. Расположението постојано им се менува, како и размислувањата. Во овој период тоа е особено опасно. За време на оваа лунарна промена Близнаците имаат висок ризик од емоционална нестабилност, што ќе ги тера на некои многу лоши потези.

Шкорпиите не смеат да позајмуваат пари, Јарците ќе откријат тајни непријатели и ќе патат од несоница. Водолиите нема да се толку незадоволни, но ќе им се промени начинот на кој ја гледаат слободата. Вагите ќе имаат проблеми со комуникацијата, додека Лавовите се во опасност од прекинување на врски.

СТРЕЛЦИТЕ се сепак најмногу погодени, бидејќи се на прагот од многу важни одлуки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *