Во Мостар е направен Cybertruck!

12 август, 2020
кола

Во Калифорнија може да се забележи еден и единствен Cybertruck. Голема е веројатноста во него да се вози некој од инженерите на Тесла, па дури и самиот Елон Маск кој својот прототип знае понекогаш да го вози низ Силиконската долина. Единствено друго место на кое можете да видите Cybertruck од неодамна е Мостар.

Тамошната технолошка компанија STARK, нејзиниот сопственик Игор Крезиќ и директорот Марио Ќориќ со тимот осмислиле и реализирале луда идеја- реплика на Cybertruck. Како основа го земале камионетот на Форд F-150. Погонот не е на струја како оној на Маск, но од надвор изгледа исто.

Верна реплика на прототипот на на Тесла

”Идејата се развила во почетокот на првиот месец, а се тргнало веднаш со реализација. Автомобилот е расклопен до шасија и мотор, па одново е направена целата конструкција.

Целата изработка на овој проект го следела и Sync Media, која наскоро ќе објави неколку видео епизоди низ кои ќе се прикаже целиот тек на проектот, од расклопување до проблеми со кои творците се среќавале, па се до предавање на нарачателот.