Во текот на бременоста доживеа стравичен земјотрес, пандемија на Ковид-19, но македонската актерка конечно е дома со својот син

15 јуни, 2020
jelena

Познатата македонска актерка Јелена Јованова- Периќ која за прв пат стана мајка пред неколку денови, на Инстаграм објави емотивна порака за својот син, на кој му го дадоа името Јаков.

“Покрај секојдневните предизвици (добри и тешки), покрај земјотреси и пандемија од коронавирус (или пландемија- одберете во што ќе верувате), дома сме, а јас сум уште посилна по сето ова”.

За потсетување, Јелена Јованова од пред пет години живее во Загреб, Хрватска, откако се омажи со хрватскиот колега, актерот Стјепан Периќ со кој се запознаа за време на снимањето на хрватската серија “Тајни”, во која Јелена ја имаше главната улога. Но таа многу често е во Македонија заради службените обврски, а македонската публика најдобро ја запозна по улогата на Јелена од Драчево во мегапопуларната македонска серија “Преспав”.