Водителка или МОНСТУМ?! Пристигнаа бројни тужби на адресата на Елен ДеЏенерис

9 август, 2020
vlcsnap-2020-01-28-14h36m53s513

Има сѐ повеќе обвинувања за однесувањето на познатата Елен ДеЏенерис (62) кон луѓето од нејзината работна околина, а на нив им се придружија и бројни познати гости кои ДеЏенерис ги покани на шоуто.

Лавината ја започна комичарот Кевин Т. Портер, кој ги покани сите оние кои имаа лоши искуства со Елен ДеЏенерис оваа пролет. Тој беше првиот што призна дека е тешко да се работи со неа.

„На сите ни треба малку љубезност во моментов“. Знаете како Елен секогаш го зборува тоа кога ќе ја одјавуа емисијата. Но, таа е очигледно една од најлошите луѓе во светот – напиша тој уште во март.

За секоја лична приказна што ја објавуваат за неа, тој рече дека ќе донира два долари на добротворни цели. Наскоро собра околу 2.500 одговори. Меѓу првите што се појави беше јутјуберката Ники Jегер со искуството што го имаше како гостинка на „Елејн Деџенерис шоу“ во јануари.

– Можеби сум наивна, но очекував да бидам пречекана со насловот: „Добредојдовте во шоуто на Елен ДеЏенерис!“  И тогаш уште еден шок. Не ме третираа како другите ВИП гости затоа што секој имаше право на сопствен тоалет и бања освен мене. Не можев да одам ниту во најблиската бања бидејќи беше резервирана за браќата Џонас – се сеќава Ники и додаде дека ДеЏенерис била ладна и оддалечена од неа.

-Убаво е кога водителката на шоуто, која Ве поканува како гостин, Ве поздравува и Ви посакува добредојде. Таа не го стори тоа“, рече Ники Јегер.

Елен ДеЏенерис деновиве објави извинување: „Бидејќи растевме експоненцијално, не добив шанса да знам што се случува во тимот и се потпирав на соработниците верувајќи дека тие ја вршат својата работа онака како што би сакала. Очигледно некои не го правеле тоа. Тоа ќе се промени во иднина и ќе се потрудам  никогаш повеќе нема да му се случи на никој “. Многумина се пожалија на нејзините блиски соработници – продуцентот Ед Главин, потоа Мери Конели и Енди Ласнер, но исто така тврдеа дека ДеЏенерис знаела за нивните испади и дека тивко ги одобрила.

Имено, многу нејзини поранешни вработени ги раскажуваа сите ужасни ситуации што се случуваа зад сцената на шоуто во кое ДеЏенерис промовираше толеранција и убав третман на другите. Имаше сè – расизам, мобинг и сексуално вознемирување. Бред Гарет од „Секој го сака Рејмонд“ напиша дека извинувањето на водителската ѕвезда дојде „малку предоцна“.

– Познавам повеќе од еден човек кој беше третиран ужасно. Тоа е добро познат факт – напиша Гарет, иако не ги опиша своите искуства со Елен ДеЏенерис, каде беше гостин шест пати, во периодот меѓу 2004 и 2007 година.

Актерката Леа Томпсон, која глуми во „Враќање кон иднината“, го проследи коментарот на Гарет:

– Сè е точно. Така е.

Водителката Вејн Дупри е убедена дека извинувањето на Елен е дизајнирано и дека таа го прави тоа само за да не го изгуби договорот според кој треба да биде водителка на ова шоу уште две години:

– Зар не е смешно како се извинуваат само откако сè ќе се објави во јавноста, а никогаш кога лошо ги третираат луѓето.

Поранешниот диџеј Тони Окунбобова зборуваше и за атмосферата што преовладува кај вработените:

– Работев за Елен ДеЏенерис во два наврати, од 2003 до 2006 година и од 2007 до 2013 година. Иако сум благодарен за можноста што ми ја даде, доживеав и почувствував отровна атмосфера, па затоа силно ги поддржувам моите поранешни колеги во нивните напори да создадат поздраво и поинклузивно работно место и дека претставата ќе продолжи да се емитува.

Шоуто „Елен ДеЏенерис“ работи 17 години, а според новиот договор, продукциската компанија „ВорнерМедиа“ ѝ плаќа на водителката 50.000.000 долари годишно. Поради скандалот, тие најавија внатрешна истрага меѓу вработените.