Вработените потврдија: Работата од дома ја зголемува продуктивноста

12 мај, 20200
wfh 0

Работодавците беа загрижени за тоа како ќе функционира нивниот бизнис заради работата од дома, но новите истражувања откриваат дека третина од вработените се попродуктивни додека работат од дома отколку во канцеларијата.

Истражувачите прашале над 1.600 луѓе како се прилагодиле на работа од дома, а една третина рекле дека се попродуктивни отколку во канцеларијата. Забележале дека дома имаат подобра контрола со текот на времето и завршената работа.

Меѓутоа, оние што се чувствувале изолирано или се потпирале на другите за да си ја завршат работата, рекле дека се помалку продуктивни.

Додека некои работодавци можеби биле загрижени за продуктивноста на своите вработени, истражувачите од Универзитетот во Монтреал откриле дека работењето на далечина го подобрува бизнисот.

Студијата е спроведена на 1.600 испитаници кои одговориле на прашалник преку Интернет – 75% биле жени и 25%и биле мажи, претежно од Квебек, САД. Околу 85% имале 40 години и имале универзитетска диплома.

Една третина од испитаниците изјавиле дека сметаат дека нивната продуктивност е подобра дома, и покрај фактот дека повеќе од половина од нив работат додека нивното семејство е дома.

– Интересно е да се напомене дека и мажите и жените рекоа дека се попродуктивни. Не е точно дека само жените претпочитаат да работат од дома, за да можат да ги балансираат работата и семејниот живот. Причините се посложени и поразновидни – рече Танија Саба, една од авторите на студијата.

Оние што кажале дека се попродуктивни, биле претежно на 40 годинишна возраст. Некои испитаници исто така забележале дека нивниот обем на работа се зголемил додека работат од далечина, но дека тие можат подобро да го контролираат времето и сработеното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *