14 август, 2020

Back Around е насловот на најновата песна на Yon Idy, која жанровски може да се класифицира како поп, со влијание на блуз. Ова е четвртата песна која Yon Idy ја издава во период од една година. Видео спотот е снимен во Скопје и Галичник, а негови автори се Фатон Ислами и Бесник Зејнулаи.

За разлика од претходните три песни, кога тој се појавува како комплетен автор, оваа песна ја искомпонира заедно со познатиот Бобан Апостолов – NaBBoo, мулти платиниумски продуцент и композитор. Yon Idy и Бобан Апостолов – NaBBoo соработуваат и во минатото – двајцата учествуваат во создавањето на песната Knock Me Down на познатиот диџеј Галоски, на која вокалите ги пее токму Yon Idy.

Трите претходни песни на Yon Idy – GentleWalking the Line of Love и Waste No Love веќе станаа дел од плеј-листите на радио станиците низ Балканот, но и на значителен број радио станици низ Европа.

Yon Idy е кантавтор од Скопје, кој во своите песни самиот ги пее сите вокали и ги свири акустичните инструменти. Откако целосно се посвети на музиката, тој не престанува со творење. Веќе има подготвено уште една песна, за која останува само да се сними видео спот.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // YON IDY (ЈОН АЈДИ) ИЗДАДЕ НОВА ПЕСНA, А СО ИСТАТА ПОКАЖА ДЕКА ЗАСЛУЖЕНО ГО НАРЕКУВААТ “СВЕТСКО, А НАШЕ”
Горе