За прв пат во јавност по големата загуба: Зад неа има болни моменти, но се обиде да ја скрие тагата со блага насмевка

27 октомври, 2020
Screenshot_5

Криси Тајген и нејзиниот сопруг Џон Леџенд во петтиот месец од бременоста изгубија машко бебе, кого го нарекоа Џек.

Манекенката Криси Тајген (34) и нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд (41), го загубија своето бебе на почетокот на овој месец и минуваат низ тежок период.

Криси заврши во болница во петтиот месец од бременоста, поради обилно крварење и компликации и се чинеше дека сè ќе биде во ред, но за жал не беше. Водителката за прв пат беше видена во јавноста во неделата по загубата на нејзиниот син.

Тајген била на фарма со тикви во Лос Анџелес, а кога ги забележала фотографите се обидела да се насмее. И покрај сè, таа блескаше во розов, сатенски фустан што го искомбинира со сандали.

Криси носеше папка во рацете, па веројатно беше на фармата поради работа. Патем, водителката и пејачот го нарекоа детето што го изгубија Џек. Двојката, која е во брак од 2013 година, има четиригодишна ќерка Луна и двегодишен син Мајлс.

Криси, која ја следат, повеќе од 32 милиони луѓе на Инстаграм објави две фотографии од тешката загуба.