За Салма Хајек годините се само бројка: Фановите беа почестени со нови фотографии во бикини (ФОТО)

30 декември, 2020
1379020

Ѕвездата на култните филмови „Од самрак до зора“ и „Десперадо“ ги поминува последните денови од пандемијата во 2020 година во тропските предели со своето семејство, за што навести со својот нов пост на Instagram.

„Никогаш не сум била повеќе благодарна што сум здрава и сум во контакт со природата“, напишала 54-годишната актерка на англиски и шпански јазик, меѓу другото, под фотографиите на кои позира во бикини опкружена со тропска глетка.

Покрај бикини во боја на фуксија, Хајек дополнително ја истакна нејзината позната фигура со парчиња во духот на бохо стилот на облекување, како што е кимоно во идентична боја на бикинито и додавање на сламен шешир.

Гледајќи ја на новите фотографии во бикини кои често ги објавува на Instagram, нејзините верни обожаватели уште еднаш ја искористија можноста да ја опсипат со комплименти за линијата и младешкиот изглед во нејзината петта деценија од животот.

Од 2009 година оваа позната мексиканска актерка е во среќен брак со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино со кого ја има 13-годишната ќерка Валентино Палома.

Пред да ги почести обожавателите на Instagram за крајот на годината со своето бикини издание, Хајек сподели фотографија од нејзината свекрва Меривон Пино што помага во кујната при подготвување празнични јадења.

„Вечера кај свекрва ми, тоа е секогаш возвишено искуство“, напиша Хајек, која е дел од ѕвездената екипа на Марвел на претстојниот филм „Вечните“ чие снимање беше завршено пред пандемијата на коронавирусот и ќе го види светлото на денот во ноември следната година.

escort - Korsan taksi