Забранет им е влез во земјата: На овие ѕвезди ни славата ни богатството не им помогнаа со властите

23 јуни, 20200
Annotation 2020-06-23 010658

На Лејди Гага и е забранет концерт во Индонезија бидејќи е, како што објаснуваат, превулгарна за нивното друштво. Алек Балдвин ги налутил филипинските власти велејќи дека размислувал да нарача невеста пеку пошта од нивната земја. Селена Гомез не смеела во Русија бидејќи јавно ја поддржува геј заедницата.

Додека имаат мнозина обожаватели кои ги следат во секој чекот, ако и медиуми, познатите понекогаш мораат да внимаваат што зборуваат и прават, поготово кога станува збор за поконзервативните земји.

Пејачот Џастин Бибер низ годините ја шокираше јавноста со своето однесување, се додека не се смири пронаоѓајќи ја верата и женејќи се со манекенката Хајли Балдвин. Кинеските власти ги налути во 2013 година бидејќи го разгледувал Кинескиот ѕид на грбот на својот телохранител, а фотографиите од неговата детска постапка го обиколиле целиот свет. Џастин продолжи да привлекува внимание со своето однесување.

Им прекипело четири години покасно па објавиле известување во кое истакнаа дека не ги одобруваат зборовите и однесувањето на Бибер. Го нарекоа Џастин “контроверзен странски пејач” и објаснија дека не е примерно забавувач со такви лоши манири и однесување да влезе во нивната земја. Истакнаа дека се подготвени да ја тргнат забраната кога ќе созрее и ќе го промени својот карактер.  

Лејди Гага беше подготвена во 2012 година да одржи концерт во Џакарта, главниот град на Индонезија. Но, месец дена претходно властите го откажаа нејзиниот настап и и забранија влез во земјата. Како што тогаш пишуваа странските медиуми, Индонезија на тоа се одлучила бидејќи за нив пејачката е превулгарна.

“Нашата одлука се темели на различни друштвени елементи. Сакаме да го спречиме вознемирувањето во друштвото кое би го произвело нејзиниот концерт. Лејди Гага е превулгарна  и нејзините настапи не се примерни за нашата култура”, ја објаснија властите нивната одлука. Пејачката подоцна објасни дека нејзиниот концерт не бил откажан само поради државната цензура туку и поради верските екстремисти кои и се заканувале.  

Заедничкиот настап на Мајли Сајрус и пејачката Робина Тикеа во 2013 година на MTV доделувањето на музички награди ги воодушеви нивните обожаватели. Но, Доминиканската Република не размислуваше на тој начин, па истата година и г откажа концертот и и забрани влез во земјата.  

“Нејзините постапки се спротивни на моралните вредности и обичаи па таквото однесување е казниво според доминиканскиот закон”, властите ја објаснија својата одлука.  

Богаташката Парис Хилтон во 2010 се запатила кон Јаонија како би ги рекламирала своите козметички производи на азијскиот пазар. Кога слетала на аеродромот во Токио, се нашла во непријатна ситуација.  Обезбедувањето ја задржа и ја испрашуваше шест часа, а потоа ја помина ноќта во аеродромскиот хотел. Следното утро ја присилиле да се врати со првиот чартер лет во Лос Анџелес бидејќи и забраниле влез во Јапонија.

Властите истакнаа дека не го сакаат нејзиното присуство во земјата бидејќи богатата наследничка неколку дена претходно признала поседување на кокаин.

Британскиот пејач Елтон Џон требал во 2010 година да одржи концерт во Египет, но властите го забраниле тоа. Како што пишуваа странските медиуми, им сметало тоа што е хомосексуалец и ја критизира нивната религија.

Нов Зеланд во 2012та му ја откажа визата на боксерот Мајк Тајсон. На тоа се одлучиле бидејќи Мајк е осуден за силување во 1992 година. Инаку, Мајк во тоа време бил на турнеја за добротворна организација позветена на деца, а другите земји, меѓу кои била и Австралија му дозволиле влез.

Фотографиите од претепаната Ријана го обиколија целиот свет и ја шокираа јавноста. Виновникот за насилството над неа беше раперот Крис Браун, на кој Велика Британија во 2011-тата му забрани влез во земјата, а во 2015-тата и Австралија. Браун се обиде да им се умилкува на властите, па ја покрена кампањата за свеста за семејно насилство што беше прилично лицемерно и иронично. Неговата постапка не влијаеше на Велика Британија и Австралија па забраната не му беше тргната.

Пејачот Џон Бон Џови и неговиот бенд во 2015та добија забрана за влез во Кина бидејќи користеле фотографија од тибетантскиот  водич Далај Иаме на својот концерт во Тајван. Поради тоа им пропадна концертот во Шангај. Поради истата причина им е забранет влез и на други бендови, меѓу кои е и Марун 5.

Глумесот и комичар Алек Балдвин во 2009 година во емисијата на Давид Летерман се шегувал дека планирал преку пошта да нарача филипинска невеста. Филипинските власти брзо реагираа и му забранија влез во нивната држава притоа нарекувајќи го непожелен вонземјанин. Алек се извини за својата шега, но не е тргнат од црната листа.

Кина му се налути на Бред Пит поради неговата улога во филмот “Seven years in Tibet” кон крајот на 90тите години. Им пречело тоа што војниците на кинеската комунистичка партија се претставени како негативци, а 14. Далај Лама како позитивец. Поради тоа на славниот глумец му е забранет влез во Кина.  

Иако има милиони обожуватели низ светот, Бијонсе не ги освои симпатиите на малезијската власт. Таа земја во 2007 година и го забрани планираниот концерт, објаснувајќи дека нивната облека и начин на пеење ги навредуваат.

Селена Гомез во 2013 година непријатно се изненадила кога дознала дека и е одбиена виза за Русија. Наводно на властите на државата им сметало тоа што таа јавно се залага за правата на геј заедницата. На пејачката и пропаднал концертот во Санкт Петербург.

Сача Барон Коен ги насмеа повеќето луѓе со улогите во филмовите “Диктатор” и “Борат”. Сепак, државите кои ги исмејувал и ги спомнувал нивните владетели не биле воодушевени, па му е забранет влез во Таџикистан и Казахстан.  

Канада во 205 година не му дозволи на раперот 50 Цент влез поради неговото криминално досие и песните во кои се промовира вооружено насилство. “Мислам дека луѓето во Торонто или било кој урбан центар не сакаат да слушнат ништо што тој има да порача”, рече тогашен член на парламентот. Инаку, Канада во 2005 година имала проблем со порастот на вооруженото насилство.  

Пејачката Кеша во 2013 година добила забрана за настап во Малезија. Властите објаснија дека не сакаат да дојде во нивната земја и да одржи концерт поради религиски причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi