Загубите почнаа да се нижат: „Warner Bros“ му дадоа отказ на Џони Деп!

6 ноември, 2020
1342470

Актерот Џони Деп неодамна изгуби судски спор против британскиот таблоид „The Sun“ за клевета во врска со написот на Вутон во 2018 година, во кој тој го нарече „тепач на сопругата“. Првата последица од изгубената тужба беше – отказ

„Warner Bros“ ја прекина соработката со 57-годишниот актер Џони Деп. Тоа беше само една од работите што славниот актер ги објави на својата страница на Инстаграм.

„Прво би сакал да им се заблагодарам на сите што ми дадоа поддршка и лојалност. Многу пораки за љубов и грижа, особено последните неколку дена, длабоко ме трогнаа. Второ, сакам да ви откријам дека „Warner Bros“ ме замоли да ја напуштам улогата на Гринделвалд во „Чудесни чудовишта“ и се согласив на тоа. Конечно, сакам да го кажам следново – бизарната одлука на британскиот суд нема да ја промени мојата борба да ја докажам вистината и потврдувам дека планирам да се пожалам на пресудата. Останувам цврсто на одлуката да докажам дека обвинувањата кон мене се лаги. Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани со овој момент. Ви благодарам што прочитавте “, напиша Џони Деп.

„Warner Bros“ вели дека ќе бара нов актер за улогата на Гринделвалд иако продукцијата е веќе започната. Затоа, можно е некои делови од филмот да треба повторно да се снимаат. Од „Warner Bros“ исто така му се заблагодарија на Џони Деп за неговата работа.

Ненадејното отпуштање очигледно е резултат на тоа што Џони Деп изгуби судска постапка против таблоидот „The Sun“ во врска со написот во кој тој беше наречен „тепач на сопругата“.

Актерот сè уште се соочува со судски процеси во САД, но дури во средината на 2021 година… Деп ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд за околу 43 милиони евра, заради написот во The Washington Post“ во кој таа пишуваше за семејно насилство.

Друга лоша последица од изгубениот спор со таблоидот може да биде дека американскиот суд ќе го земе предвид кога ќе се реши случајот со Амбер Херд.

escort - Korsan taksi