Замислете шеснаесет катница низ која поминува автопат?! Епа постои.. (Видео)

3 август, 2020
автопат

Ако досега не сте слушнале за Gate Tower или не сте погледнале видео од оваа зграда, еве прилика да се уверите во чудесните способности на архитектите во Јапонија.

Gate Tower е зграда низ која поминува автопат, а зошто е тоа така, можете и да претпоставите. Не се работи за желба на сопственикот на зградата, ниту работа на Јапонците со голема фантазија, туку за спор кој пет години се води околу земјиштето.