Започна снимањето на петтата сезона од серијалот „La casa de papel“

30 јули, 20200
Annotation 2020-07-30 094640

По кратката пауза поради пандемијата на корона, започна снимањето на петтата сезона на популарната серија на Нетфликс „La casa de papel“, пренесува „Elle Espana“.

Пандемијата на коронавирус значително влијаеше на снимањето на многу популарни филмски и телевизиски наслови, вклучувајќи ја и популарната шпанска серија „La casa de papel“ или „Money Heist“, чии претходни четири сезони бележат висок рејтинг на Netflix.

Иако собирањето на актерите на сетот беше планирано за почетокот на оваа година, тоа не се случи, но заради опуштање на ригорозните мерки, конечно беше можно да се продолжи со снимањето, а деновиве, како што објавија споменатите медиуми, беа снимени првите кадри.

Еден од главните ликови – “El Profesor” што го игра Алваро Морте сподели фотографија од снимањето на својот профил на Инстаграм. Забележително е дека актерот се придржуваше до пропишаните мерки и се појави со маска со краток коментар „Се вратив, професорот се врати“.

Договор за продолжување на серијата беше постигнат во октомври минатата година, и доколку се одвиваше според планот, снимањето на новата сезона ќе се поклопеше со прикажувањето на четвртата. Засега е познато дека покрај споменатиот Алваро Морте, актерката Ицијар Итуно, која ја игра Ракел, ќе се појави во петтата сезона.

Продуцентската компанија “Vancouver Media” напорно работи на својот дел од проектот, но, како што рекоа, ќе зависи многу од самиот Нетфликс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi