Започнаа да градат аеродром во Мексико Сити, пронајдоа коски на повеќе од 60 мамути

24 мај, 20200
Насловна

Коските на повеќе од 60 мамути биле пронајдени на градилиштето за време на работите на новиот аеродром „Фелипе Анхелес“ во Мексико Сити, објави Националниот институт за антропологија и историја.

Се смета дека коските се од пред 15 000 години и припаѓаат на колумбискиот мамут.

За време на изградбата на аеродромот, пронајдени се коски од бизони, камили, коњи, луѓе, како и разни предмети.

Откритието, како што најавија, ќе го забави завршувањето на работите за изградба на аеродромот во Мексико Сити, а Националниот институт за антропологија и историја изјави дека остатоците од 14 мамути биле пронајдени во областа Туртепац минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *